Женската сениорска репрезентација на Украина, која ја елиминираше Македонија во бараж дуелот за пласман на Светското првенство 2023, ќе настапи без најдобрите играчи на Мундијалот.
Украина на Светското првенство во Данска, Шведска и Норвешка ќе има тежок предизвик, бидејќи нема да може да смета на неколку искусни стандардни репрезентативки.
Искусната Ирина Глибко, членка на Валчеа, ќе го пропушти Мундијалот, бидејќи се уште се рехабилитира од повредата.
Освен Глибко, ќе отсуствуваат и Ирина Стелмах, Евгенија Левченко, Дијана Дмитришин и Дарија Кот.
Стелмах, која во последните две сезони го носеше дресот на Подравка од Хрватска, одлучи да ја прекине својата кариера, додека последните три споменати ракометарки не се најдоа на конечниот список кај селекторот Виталиј Андронов.
Ракометарките на Украина за ривали на Светското првенство 2023 ги имаат репрезентациите на Бразил, Шпанија и Казахстан.