Играше за Тунис и Унгарија, сега ќе игра и за трета репрезентација!

Кружниот напаѓач на романската Валчеа, Асма Елгауи, официјално стана државјанка на Романија.

33-Годишната ракометарка е родена во Тунис, и одигра 69 натпревари за репрезентацијата на африканската репрезентација.

Потоа во 2018 година, Елгауи додека играше за Ѓер доби унгарски пасош, но во таа репрезентација имаше само два настапи.

Во 2019 година се пресели во Валчеа и оттогаш го носи дресот на славниот романски клуб. Во 2020 година беше прогласен за најдобар пивот во Лигата на шампионите.

Селекторот Флорентин Пера најави дека ќе смета на нејзините услуги и многу веројатно ќе ја повика за следната репрезентативна акција, бараж двомечот за СП 2025 година.