По Дмитро Горига, Марек Марчињак, Николас Боно, Мигел Еспиња Фереира, стана јасно дека уште двајца странци ќе си заминат од Вардар, но и еден Македонец.
Станува збор за десното крило Мигел Пинто и средниот бек Харуки Кавада, како и организаторот на играта, Марио Танкоски.
Како што објави 24Ракомет, Еспиња ќе се пресели во турскиот шампион Бешикташ, Марчињак се враќа во Полска, Боно ќе игра во францускиот Тулуз, додека Јапонецот Кавада ќе замине во Франција.
Досега потврдени засилувања се голманот Милан Бомаштар, левиот бек Леон Љевар, десниот бек Мохаб Абделхак, десното крило Бобан Поповски, како и средниот бек Матео Фадуил, а допрва треба да бидат потврдени уште две засилувања на бековските позиции.
























