Украинскиот интернационалец Дмитро Горига во јуни ќе настапува за саудиски Ал Калиџ, како позајмен играч од Вардар, на 28. Азиска машка клупска лига во ракомет. Ова натпреварување често се третира како азиска Лига на шампиони. Турнирот ќе се одржи во Кувајт од 6 до 16 јуни. Победникот на ова натпреварување ќе обезбеди место на Светското клупско првенство.
Горига во Ал Калиџ заминува на позајмица, со оглед дека неговиот договор со Вардар важи до крајот на јуни. По истекот на обврските кон македонскиот клуб, украинскиот ракометар ќе ја продолжи кариерата во унгарски ПИК Сегед.
Ал Калиџ ќе биде еден од клубовите што ќе се борат за трофејот во Кувајт. Учество на турнирот потврдиле домаќинот Кувајт Клуб, Бурган, Ал Араби, Ал Духаил, Шарџа, Ал Калиџ, Ал Ноџум и еден кинески клуб.
Актуелен шампион на ова натпреварување е Шарџа од Обединетите Арапски Емирати, кој во 2025 година го освои трофејот со победа од 27-26 против Ал Калиџ во финалето и со тоа обезбеди место на Светското клупско првенство. Ал Калиџ во 2023 година ја освои својата прва азиска титула.
___________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























