Еспиња заминува од Вардар – позната следната негова дестинација

Португалскиот чувар на мрежата Мигел Фереира Еспиња на крајот на оваа сезона ќе си замине од македонскиот првак Вардар.

Иако имаше договор до 2027 година со „црвено-црните“, сепак Еспиња ќе ја продолжи кариерата во турскиот првак Бешикташ, дознава 24Ракомет.

Во Бешикташ тренер ќе биде шпанскиот стратег Рубен Гарабаја, кој претходно работеше во Еурофарм Пелистер, а таму се сели и десното крило Богдан Радивојевиќ.

Еспиња дојде во Вардар во 2024 година, остави солиден впечаток, а оваа сезона имаше проблеми со повреда и ретко беше на терените покрај Валах и Гогов.

Португалскиот чувар на мрежата во татковината играше за Бенфика, Белененсес, потоа за францускиот Сесон Рен, како и за шпанските Уеска и Куенка.