Тимот на Партизан Гевгелија славеше во последниот натпревар од прволигашката конкуренција за оваа сезона кај Овче Поле со 27-26.
Гевгеличани предводени од Илија Пејковски, кој даде десет погодоци, запишаа бодови на гостувањето кај Свети Николе.
На стартот на вториот дел, Партизан Гевгелија имаше плус пет, 18-13, но тогаш се разиграа домашните и со серија од девет гола, направија голем пресврт за 22-18.
Сепак паднаа во ритамот што сами го наметнаа, му дозволија на противникот да се врати во егал, а потоа и да поведе со 25-23 со головите на Пејковски, Гетов и Савов.
Последните пет минути се игра гол за гол, а последниот напад беше за гевгеличани и на крајот се радуваа на двата бода.
Кај Овче Поле се истакнаа Стојанче Ристов со девет и Кристијан Стаменков со седум погодоци. За двете екипи заврши сезона во прволигашката конкуренција и веќе можат да прават планови за наредната.























