Чупиќ останува во Вардар до 2028

Вардар има доверба во тренерот Иван Чупиќ кој се договори со „црвено-црните“ за продолжување на договорот до јуни 2028 година. Откако ја освои двојната круна и стигна до Топ-8 во Лига Европа, логично беше Чупиќ да остане на клупата на скопјани. Сега следната цел е настапот во Лига на Шампионите.

Чупиќ дојде лани во клубот од Метковиќ како наследник на Милано. Постојано зборуваше дека сезоната е еден маратон и дека во пролетниот дле од март до јуни Вардар ќе игра најдобро. Во тој период Вардар го освои Купот на Македонија и ја обезбеди титулата на три кола до крај на првенството, и стигна до Топ-8 во Лига Европа. Лошата игра во Монпелје го оневозможи да атакува и на Ф4 турнирот во Хамбург.

Ростерот на скопјани е затворен со нови играчи и сега ќе се размилсува само како подобро да се воиграат за следната сезона.