ИДЕАЛЕН ТИМ НА 2. КОЛО ОД СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 2 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Еурофарм Пелистер, Вардар, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш, Струга, Голден Арт и Пролет.

За МВП на колото ќе можете да гласате до среда до 12 часот.

Супер лига, 2. коло, резултати:

Група А

АЕРОДРОМ – ТИКВЕШ 29-39 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – КУМАНОВО 30-26 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – АЛКАЛОИД 22-28 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – СКОПЈЕ 37-22 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1190227
4ОХРИД1180324
5БУТЕЛ1160518
6ТИКВЕШ 20141151516
7ПРОЛЕТ1142514
8ПРИЛЕП1141613

Група Б

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – МУЛТИ ЕСЕНС 40-22 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР 21-24 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – ПРИЛЕП 30-25 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР НЕГОТИНО – ГОЛДЕН АРТ (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 2.КОЛО ВО СУПЕР ЛИГА?

Марко Срдановиќ - лево крило - Вардар
36.24%
Петар Бугариновиќ - среден бек - Струга
27.52%
Евгениј Темелкоски - десно крило - Тиквеш
10.74%
Дејан Гошевски - десен бек - Голден Арт
10.07%
Марко Кизиќ - голман - Еурофарм Пелистер
10.07%
Христијан Митревски - лев бек - Еурофарм Пелистер 2
2.68%
Филип Арсеновски - пивот - Пролет
2.68%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 2. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Марко Кизиќ (Еурофарм Пелистер ) – Голманот на шампионот бранеше едно полувреме, но и тоа беше доволно одличен процент на успешност.

Лево крило: Марко Срдановиќ (Вардар) – Српскиот интернационалец беше најдобар стрелец против Бутел Скопје.

Лев бек: Христијан Митревски (Еурофарм Пелистер 2) – Поранешниот кадетски репрезентативец беше меѓу најдобрите во триумфот над Скопје.

Среден бек: Петар Бугариновиќ (Струга) – Организаторот на играта со 11 голови ја водеше Струга до првата победа во новата сезона.

Десен бек: Дејан Гошевски (Голден Арт) – Десниот бек на Голден Арт одигра добра партија на гостувањето во Неготино.

Десно крило: Евгениј Темелкоски (Тиквеш) – Прилепчанецот ги водеше кавадарчани со 11 гола до трите бода на гостински терен кај Аеродром.

Пивот: Филип Арсеновски (Пролет) – Повратникот во Супер лигата имаше добра партија во победата против Прилеп.