Еурофарм Пелистер супериорен против дебитантот

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во заостанатиот натпревар од второто коло против Мулти Есенс одиграа рутински и ги запишаа првите бодови во новата сезона.

Избраниците на Александар Јовиќ против дебитантот од Автокоманда во натпревар без многу неизвесност триумфираа со убедливи 40:22.

Пелистерци победата ја запишаа уште во првата половина од првиот дел кога поведоа со 9:3 и брзо го решија прашањето на победникот.

Првото полувреме заврши со предност од 20:11 во корист за домашниот тим, додека во вторите 30 минути составот на Јовиќ не дозволи ни најмало опуштање и успеа да ја зголеми предноста за конечни 18г ола разлика.

Еурофарм Пелистер утре на свој терен ќе го пречека Голден Арт во рамки од 3. коло од суперлигашката конкуренција.