Björgvin Pall GUSTAVSSON, Croatia vs Iceland, Men's EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 22.01.2024, Mandatory Credit © Axel Heimken / kolektiff

Густавсон: Не го постигнавме тоа што го посакувавме на ова ЕП!

Репрезентацијата на Исланд со победа го заврши настапот на Европското првенство 2024, откако во натпревар од последното коло од главната фаза славеше над Австрија со 26:24.

Исланѓаните пред стартот на континенталниот собир беа меѓу фаворитите за пласман во ТОП 5, но островската земја потешко од очекуваното ја помина групната фаза.

Голманот на Исланд, Бјоргвин Пал Густавсон, ги сподели импресиите по победата над Австрија и истакна дека амбициите на неговата репрезентација биле повисоки.

,,Одигравме многу добро прво полувреме, нашата одбрана беше навистина добра и ривалот не можеше да постигне многу голови. Почетокот на второто полувреме беше мала катастрофа, игравме лошо во тие десет минути и Австрија го искористи моментот. Секако дека возвративме, го добивме натпреварот, но не го направивме тоа што го сакавме на ова ЕП”, изјави Густавсон.

Австрија загуби од Исланд и сама си ги уништи шансите за полуфинале!