Готфридсон негира трансфер во ПИК Сегед: „Потпишав“ и за Барса и за Келце…

Еден од легендите на Шведска, Џим Готфридсон, веќе извесен период се споменува како ново засилување во ПИК Сегед.

Сепак, средниот бек на Фленсбург ги демантираше најавите за неговата можна преселба во унгарскиот вицепрвак.

Искусниот ракометар во разговор за ,,DYN” вели дека е навикнат на вакви вести.

,,Пред две години „потпишав“ за Келце и за Барселона, сега за ПИК Сегед (се смее). Кога си многу добар играч, се навикнуваш на вакви вести”,  кратко коментираше Готфридсон.

Членот на Фленсбург во јануари заедно со Шведска ќе го бранат златното на Европското првенство во Германија.