Гошевски: Требаше да „нагазиме“ кога имавме плус четири, но се случи пад!

Ракометарите на Прилеп и Голден Арт во натпревар од 6. коло од Супер лигата одиграа без победник, 28:28.

Двете екипи во текот на сите 60 минути играа променливо и во финишот двата табора имаа шанса и прилика да дојдат до три бода, но не погодија за по

Членот на Голден Арт, Дејан Гошевски, ги сподели своите импресии по големата борба со прилепчани.

,,Не знам дали ремито е најрелно, во првиот дел водевме четири гола разлика, токму во тој момент требаше да влеземе во брзина да „нагазиме“, да дадеме се од себе, секој играч да го дадеше максимумот и да заминеме на поголема разлика, но се случи пад, на полувреме имавме еден негатива, потоа во второ се играше гол за гол, и на крај немавме ни ние, па ни домаќините среќа”, изјави Гошевски.

Десниот бек смета дека во следниот период ќе треба да ги поправат грешките и да го дадат најдоброто од себе на клучните дуели.

,,Мора да продолжиме да работиме, да се поправиме, да ги корегираме грешките. Со овој бод се оддалечивме од плеј-оф, но има уште многу да се игра, ќе гледаме да го дадеме максимумот на сите наредни дуели, па ќе видиме каков биланс ќе имаме”, изјави Гошевски.

Следен предизвик за избаниците на Голден Арт е дуелот со екипата на Вардар, која во досегашниот тек од сезоната нема пораз.

Глигоров: Не бевме дисциплирани во клучни моменти, среќа што на крај излезе реми!

 

Драма во Прилеп – двете екипи можеа да победат, но на крај освоија по бод!

 

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126