Горење шампион во Словенија, Војводина со нова титула, Бешикташ најдобар во Турција…

Изминатиот викенд завршија битките за титули во дел од европските земји. Откако две сезони најдобар во Словенија беше Целје, оваа сезона тоа се промени и Горење Велење ја освои титулата.

Тимот предводен од Зоран Јовичиќ мина прв низ целта по 26 натпревари, а главната битка не ја водеше со Целје, туку со Тримо Требње, а на крајот разликата е само еден бод.

Во Србија нова титула, 12 по ред, слави и составот на Војводина, кој забележа две победи во финалната серија против Металопластика Шабац. Вториот триумф беше во Шабац, 29-27.

По една година пауза, титулата во своите витрини ја врати и турскиот Бешикташ, кој со три победи во финалната серија го мина составот на Сакарија.