Македонскиот шампион Ѓорче Петров според рејтингот што го има во Европскиот Куп и според досегашната пракса на ЕХФ за ваквите ждрепки, би требало да се најде во првиот шешир.
ЕХФ треба да го потврди ваквото рангирање, па ако биде така, тогаш Ѓорче Петров ќе ги избегне незгодните Гран Канарија, Јувента Михаловце, Бенфика…
Но и во вториот шешир има екипи од типот на Елче и Гранољерс, потоа Ајдовшчина и Венло кои би било убаво да се избегнат. Добра ждрепка би била пред се екипата од јужниот сосед, Пилаја, потоа италијанскиот Ериче и турскиот Јенимале. Таква е и португалската Мадеира, но патување до таму е сложено да се организира.
Ѓорче Петров во втората рунда го елиминира црногорскиот Тиват со две победи, а ист беше случајот и во третата рунда со белгискиот Ојпен.
Ждрепката за осминафиналето ќе се одржи во текот на утрешниот ден во седиштето на ЕХФ во Виена со почеток во 11:00 часот.
Европски Куп, осминафинале, ждрепка:
шешир 1
Ѓорче Петров (Македонија)
Гран Канарија (Шпанија)
Бјеловар (Хрватска)
Јаликавак (Турција)
Јувента Михаловце (Словачка)
Лазне Кинзварт (Чешка)
Бенфика (Португалија)
Салерно (Италија)
шешир 2
Венло (Холандија)
Млинотест Ајдовшчина (Словенија)
Гранољерс (Шпанија)
Јенимале (Турција)
Мадеира (Португалија)
Пилаја (Грција)
Ериче (Италија)
Елче (Шпанија)