Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски го имаше своето деби на Азиското клупско првенство во дресот на Кувајт Клуб.
Левиот бек блесна на првиот меч и беше најдобар стрелец во неговиот тим во триумфот над катарскиот Ал Араби со 27-22.
Кузмановски постигна пет погодоци, исто колку што имаше и Владан Липовина, некогашниот десен бек на Металург.
Во првиот натпревар од денешната програма, Бурган со четири гола на Косуке Јасухира славеше против Ал Духаил со 29-28.






















