Споредувајќи го рејтингот на клубот сезонава и на оној од сезоната 2022.2023, Ѓорче Петров има скок од 234 мести!
Освојувачот на двојната круна во Македонија, екипата на Ѓорче Петров е тимот кој последниве три години го издигна и набилда сопствениот рејтинг во Европа, но и на македонскиот женски ракомет. Покрај тоа што даваат повеќе репрезентативки во сите категории, во европски рамки освојуваат најмногу бодови што одат на контото на македонските екипи.
Новата европска сезона ѓорчепетровки ја почнуваат од 34 место во конкуренција на сите женски екипи што се на листата. Благодарение на игрите и резултатите на скопскиот тим сезонава и тимот на Чаир стартува од високото шето место во Купот на Европа. Во истиот куп лани ѓорчепетровки стигнаа во Топ-8.
Споредувајќи го рејтингот на клубот сезонава и на оној од сезоната 2022.2023, Ѓорче Петров има скок од 234 мести! Тогаш „лавиците“ беа рангирани на 269 место во Европа, и за само три години стигнаа на самиот врв. Лани стигна до најдобрите 8 во Купот на Европа, а сега се пријавија за настап во Лига Европа, второто по сила европско клупско натпреварување.
Од екипите што сезонава се пријавија во ЛЕ, нашиот шампион е како 13. рангиран. Лидер на листата е Ѓер со 682 бода, пред Есбјерг кој има 669, а третопласиран е Мец со 573 бода.
Македонскиот шампион е најдобар тим од сите екипи од соседните земји, а позади него се Пилеа и ПАОК од Грција (64 и 66 место) и Јагодина која е на 70 место.
Од другите македонски тимот, Чаир е на 99 место, Металург на 142 место, Куманово е 158, Вардар е 159, Прилеп е 229 и Пелистер е на 243 место.