Elias KOFLER, Constantin MÖSTL and Nemanja BELOS, Germany vs Austria, Men's EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 20.01.2024., Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Ги излуде Германците и си заработи трансфер во Бундес лигата

По завршувањето на Европското првенство 2024 кое се одржува во Германија, неколку играчи кои имаа забележителни настапи сигурно ќе направат голем исчекор во својата кариера.

Еден од нив е голманот на Австрија, Константин Местл, кој брани во одлична форма на континенталниот собир и кој е еден од играчите на кои му се предвидува светла иднина.

Местл во дуелот со репрезентацијата на Германија можеби го имаше најдобриот настап во својата кариера, па на „панцирите“ им одбрани дури 17 удари и заслужено беше прогласен за играч на натпреварот.

Според информациите на „RTH Handball“, 23-годишниот голман во следната сезона од Алпла Хард ќе се пресели во Бундес лигата и ќе го чува голот на Лемго.

Токму од овој клуб за Местл покажале најголем интерес и најверојатно австрискиот голман по завршувањето на тековната сезона ќе се подготвува за првиот интернационален предизвик.

Австрија вчера беше поразена од Франција со 33:28, додека во последното коло од групната фаза силите ќе ги одмери со незгодниот Исланд.

Драма во Ланксес Арена: Германија „спаси“ бод против одличниот Местл и Австријците!