„Еурофарм Пелистер цели да биде клуб-репрезентација“

Последен во низа македонски репрезентативци кој ќе ги засили редовите на шампионот Еурофарм Пелистер од следната сезона и голманот Никола Митревски, кој се враќа во матичниот клуб.

Годинава битолскиот тим во своите редови донесе неколку стандардни репрезентативци, а визијата е првакот да стане клуб-репрезентација.

„Стратегија и визија на Еурофарм Пелистер, на некој начин е клуб – репрезентација. Таква ситуација имавме со Металург во моментот кога јас бев селектор и тоа донесе успех на национално ниво. Тоа би било голема помош за репрезентацијата, која е нашиот бренд во светот. Ракометот во Македонија , како спорт  број еден и единствен спорт со континуитет на натпреварувања на големи европски и светски натпреварувања е особено важен за нашата држава. Ако ние направиме паралела и сега многу играчи од Алкалоид се во репрезентацијата, но дали се тие вистинските тоа треба да се запрашаме, земајќи го предвид она што го видовме на изминативе три-четири првенства. Некои се, некои беа, па сега не се, некои не дадоа голем придонес и тука треба да се избере вистинскиот момент и вистинските играчи. Пак е тоа работа на селекторот. Видете, суетата е многу лоша работа. Еден тренер ако е суетен, тој е опасен за самиот себе. Суетата се трга на страна, играчките денови се тргаат на страна кога ќе станеш тренер. Големи тренерски имиња ми кажаа кога станав тренер ’сега ставаш црта и тоа што било и што си правел како играч заборави го, ова е сосем поинаку.’ Мора поинаку да се поставиш и да се однесуваш и да поставиш баланс, се спрема квалитетот на твоите играчи. Лесно е да сакаме да играме како Норвешка или сите сакаме да играме како Данска, но ние треба да видиме што имаме на располагање и од тоа да извлечеме максимум и така ќе бидеме уште подобри. Кога квалитетот на нашиот субјект ќе го донесеме на ниво на перфекција. Не можеме нашите играчи да ги споредуваме со Хансен, Карабатиќ итн. Тие тоа не се. Тоа се тие работи кои го прават тренерот успешен или неуспешен“, вели Звонко Шундовски, извршниот спортски директор на битолскиот тим.

Во продолжение прочитајте го викенд-интервјуто на Шундовски.

ИНТЕРВЈУ ЗВОНКО ШУНДОВСКИ: Жалам што моите успеси со репрезентацијата сѐ уште се недостижни!