Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 лесно ја минаа првата Куп пречка и обезбедија место во групната фаза, односно меѓу најдобрите 16 екипи.
Вториот тим на македонскиот шампион за ривал во елиминациското коло од Купот го имаше прволигашот Овче Поле и оствари убедлива победа триумфирајќи со 48-23.
Натпреварот мина во апсолутна доминација на домаќините, кои уште во воведниот дел потврдија дека квалитетот е на нивна страна.
Избраниците на Михаил Петровски на пауза имаа резултатска предност од 21:8 и во второто полувреме не се опуштија, продолжија со супериорното издaние и во мрежата на гостинот додадоа уште 27 гола.
Најдобри стрелци беа Симон Мирчевски со 12 гола, како и Алем Хаџиќ и Марко Димовски кои постигнаа по осум, додека кај Овче Поле, Бојан Гичев беше стрелец на 11 гола.
За Еурофарм Пелистер 2 денешниот дуел беше полесен тренинг пред натпреварот со Куманово во рмаки од последното коло од регуларниот дел од Супер лигата.
Куп на Македонија, елиминации:
Борец – Пролет 11-49
Прилеп – Јехона 40-17
Куманово – Текстилец 28-21
Астраион – Струга 18-25
Голден Арт – Аеродром 37-27
Бутел Скопје – Македонија ЃП 49-26
Драчево – Алкалоид 44-26
Партизан Гевгелија – Тиквеш 20-56
Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле 48-23
09/12, 17:00 Преспа Вардар – Радовиш
09/12, 17:00 Бисинов – Мулти Есенс
09/12, 17:00 Еурофарм Пелистер – Шампион
10/12, 13:00 Кичево – Вардар Неготино
10/12, 14:00 Младост Богданци – Охрид
10/12, 16:00 Металург РА – Скопје