Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја казни Ракометната федерација на Косово со 4.000 евра, поради однесувањето на официјалниот спикер на натпреварот против Украина, одигран во Приштина на 13 март, во рамки од квалификациите за ЕП 2026.
Спикерот, наместо да остане неутрален како што налагаат правилата, на несоодветен и неспортски начин ја мотивирал публиката во салата.
Случајот стигна до Судот на ЕХФ, кој потенцираше дека ангажирањето неутрален спикер е клучно за фер и коректно натпреварување.
Половина од казната е условна, а федерацијата ќе мора да обезбеди соодветно лице за таа улога во иднина, во спротивно ќе се активира и преостанатиот износ од казната.
Против оваа одлука, Ракометната федерација на Косово може да се поднесе жалба до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум дена.