Бенфика остана без тренер – си замина Гонзалез

Шпанскиот стратег Хота Гонзалес повеќе не е тренер на Бенфика, соопшти португалскиот клуб на својата официјална веб-страница.

Гонзалез ја предводеше Бенфика во изминатите три сезони, а по завршувањето на соработката ќе се фокусира исклучиво на репрезентативните обврски.

Шпанецот од април 2025 година е селектор на полската репрезентација, а неговиот договор со тамошната федерација важи до средината на 2028 година.

Засега од Бенфика не соопштија кој ќе биде наследник на Гонзалезна тренерската функција.