Македонија доби уште едно значајно признание од Европската ракометна федерација, откако Извршниот комитет на ЕХФ одлучи нашата земја да биде домаќин на Европското првенство за ракометари до 18 години во 2028 година. Одлуката беше донесена на состанокот на ЕХФ во Келн, во рамки на финалниот викенд од сезоната.
Шампионатот за мажи до 18 години ќе се игра во јули и август 2028 година, а организацијата и е доверена на Македонија. Во истиот пакет одлуки, ЕХФ му ја додели организацијата на Европското првенство за ракометари до 20 години во 2028 година на Словенија.
Ова е уште една важна потврда за довербата што европската куќа на ракометот ја има во организациските капацитети на Македонија, која и во минатото била домаќин на значајни меѓународни натпреварувања.
Доделувањето на едно вакво првенство значи и нова можност младите европски таленти да настапат пред македонската публика, но и шанса за дополнителна промоција на ракометот во земјата.
Генерацијата што треба да настапи во 2028 година сега се формира новиот селектор Никола Матлиески има две години да ги воигра и да ги одбере за претстојното ЕП.






















