Машката репрезентација во ракомет на плажа загуби од селекцијата на Чешка со 2-0 во сетови во првото коло од Светската турнеја во Плоцк.
Чешките ракометари го добија првиот сет со 22-16, додека во вторит сет нашите ривали беа уште поефикасни 20-8.
Најдобар во нашиот состав беше Наум Костов со 14 поени, додека Христијан Крстаноски даде шест поени, а по два имаа Мартин Ивановски и Тодор Узунчев.
Во текот на денешниот ден, Македонија ќе игра со Германија од 17:30 часот, додека утре се натпреварите против домаќинот Полска и мечот за пласман.






















