Денеска во СЦ „Тими“ во Струга, под организација на Здружението на ракометни тренери на Македонија ќе се одржи семинар на ракометни тренери.
Овој семинар има задолжителен карактер и сите тренери што ќе водат екипи што се дел од натпреварувањата на РФМ мора да ја поседуваат.
Свои предавања во Охрид ќе имаат професорите Гино Стрезовски и Сашо Даневски, како и тројца селектори на Македонија – Кристијан Грчевски, Никола Матлиески и Горан Кузманоски.
Тренерската лиценца што ја доделува Здружението на ракометни тренери е задолжителна за сите што ќе водат екипи во било која категорија од натпреварувањата под капата на РФМ.
До минатата сезона овој семинар се одржуваше во Охрид и во два дена, имаше предавачи од странство, а сега покрај локацијата, трае и пократко односно само еден ден.
























