Тимот на Ваљадолид, каде што играат двајцата македонски интернационалци Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски, запиша важна победа во Асобал лигата.
Ваљадолид во натпревар од 17. коло славеше на гостувањето кај Пуерто Сагунто со пет гола разлика, 34:29 (19:16).
Најефикасен во победничката екипа Димитриевски, кој постигна шест погодоци и зад своето име запиша две асистенции, додека Димитриоски имаше една реализација.
Со денешната освоена победа Ваљадолид се задржа на 5. позиција во најсилното натпреварување во Шпанија.
Избраниците на Давид Писонеро имаат 19 бода на свое конто и заостануваат на три бода од третопласираниот Грањолерс.