Некогашниот вардарец Иван Чупиќ во четврток против Нексе ќе го одигра последниот натпревар во играчката кариера.
Десното крило на Загреб, од лето ќе има нова улога и ќе му биде помошник на тренерот Андрија Николиќ.
Искусниот Чупиќ во разговор за порталот „Јутарњи лист“ истакна дека во Вардар се чувствувал најдобро.
,,Секаде каде што играв беше убаво, можеби само во Рајн Некар нѐ, а најубаво беше во Вардар, во овој клуб се чувствував најдобро”, изјави искусниот Чупиќ.
Во дресот на „црвено-црните“ десното крило играше пет сезони и освои две титули во Лигата на шампионите.
Чупиќ кажа крај: Имам тежок карактер, фала на сите што ме трпевте!