Битолчани со четири од четири, се вжештува трката за титулата

Минатиот викенд беше одиграно 4. коло во суперлигашкиот плеј-оф, а најголемо изненадување направи Охрид, откако на свој терен го совлада вицепрвакот со четири гола разлика, 30:26.

За составот на Стевче Алушовски победата над „сино-белите“ од Автокоманда беше трет триумф во вториот дел од сезоната. Охрид сега на секој нареден натпревар ќе има мотивација повеќе, бидејќи јасно му е дека со триумфот над вицепрвскот влезе во трка за тшампионската титула.

Избраниците на Алушовски во следното коло ќе гостуваат во Скопје кај Пролет и ќе се обидат да го зголемат бодовното салдо на свое конто, додека тимот предводен од Кире Лазаров на свој терен ќе го пречекаат Вардар.

Актуелниот бранител на титулата, Еурофарм Пелистер, немаше поголеми проблеми против Пролет, триумфираше со 32:29 и со новите три бода ја презеде првата позиција на табелата. Пелистерци сега го водат „орото“ во суперлигашкиот плеј-оф, но до крајот од тековната сезона преостануваат уште многу натпревари и возбудувања.

Битолскиот тим во следното коло ќе му гостуваат на незгодниот Тиквеш, кој во 3. коло успеа да направи сензација совладувајќи го Вардар. Кавадарчани минатото коло триумфираа на гости кај Бутел Скопје и сигурно ќе посакуваат продолжување на победничката серија.

По поразот од Тиквеш, ракометарите на Вардар со триумфот над Струга од 29:20 ја забележаа втората победа во плеј-офот. Вардарци сега зад лидерот заостануваат на пет бодови и до крајот ќе мора да дадат повеќе од потребното за да се вратат меѓу најдобрите три екипи на табелата.

Супер лига, плеј-оф, 4. коло, резултати:

ОХРИД – АЛКАЛОИД 30:26 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ 32:29 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ – ТИКВЕШ 21:22 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – СТРУГА 29:20 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 1961970224
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР870123
3ОХРИД860220
4АЛКАЛОИД850318
5ТИКВЕШ 2014850316
6ПРОЛЕТ92076
7БУТЕЛ81074
8СТРУГА80080

Супер лига, плеј-оф, 5. коло, распоред:

ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 
СТРУГА – БУТЕЛ
АЛКАЛОИД – ВАРДАР
ПРОЛЕТ – ОХРИД