Повредата е минато – Ристовска во одлична форма пред стартот на сезоната!

Капитенот на македонската репрезентација Сара Ристовска се врати на терените и игра во одлична форма ако се суди по претсезонските турнири.

Нејзиниот клуб Рапид Букурешт го освои турнирот во Крајова. Во првото славеше против домаќинот со 25-24, а Ристовска беше втор стрелец со четири гола.

Во второто коло, тимот од романската престолнина ја победи Слатина со 32-25, а македонската репрезентативка исто така беше втор стрелец со пет погодоци.

Во третата рунда, Рапид Букурешт ја запиша клучната победа над Дунареа Браила со 29-27, а Ристовска беше втор стрелец во победничкиот тим со четири гола.