Македонската репрезентативка Ангела Јанкуловска имаше одлична партија на првиот полуфинален натпревар од плеј-офот во чешкиот шампионат.
Нејзината Славија Прага поведе во серијата подобар од три меча со 1-0, откако по ударите од седум метри славеше на гости кај Кинжварт со 29-28.
Мечот во регуларниот дел заврши 25-25, а Јанкуловска беше втор стрелец со пет погодоци зад легендарната Кнедликова, која погоди седум пати.
Македонската репрезентативка имаше и два гола од пенал, а најзначаен беше нејзиниот гол за реми на триесетина секунди до крајот, кој се покажа како клучен за Славија Прага да го однесе мечот да се решава со удари од седум метри.
Но и таму Јанкуловска имаше мирна рака, па нејзиниот тим сега ќе има шанса на домашен терен да се избори за финале против победникот од двобојот меѓу Бањик Мост и Сокол Пишек.