Завршија четвртфиналните натпревари на кадетското ЕП, кое се одржува во Белград, а четири репрезентации обезбедија пласман меѓу најдобрите.
Селекцијата на Германија, која имаше слаби изданија во групната фаза, но и во главната рунда, го елиминираше Исланд со победата со 33-31.
Во полуфиналето се пласираше и Шпанија, која славеше против Франција со 29-27, а во ТОП 4 се најде и Данска, која без проблеми се справи со Хрватска.
Словенија „гази“ се пред себе и без најдобриот од оваа генерација, Аљуш Анжиќ, ја совлада селекцијата на Унгарија без особени проблеми, 32-27.
Во полуфиналето ќе играат Германија – Шпанија, односно Данска – Словенија.

























