Тимот на Младост Богданци продолжува да го гради тимот за новата сезона, а раководството на клубот го потврди ангажманот на млад чувар на мрежата.
Повратник во клубот е голманот Благој Панов, кој по две сезони минати во неговиот матичен клуб Тиквеш од Кавадарци, одново ќе се врати во Богданци.
Панов имаше одлични партии во суперлигашкото друштво, а сега ќе формира трио со Србинот Живојин Илиќ и искусниот Горан Паунков на голманската позиција во Богданци.
Клубот претходно ја продолжи соработката и со младинскиот репрезентативец Ѓорѓе Атанасов, како и со тренерот Горан Андоновски, левиот бек Даниел Андоновски и искусниот голман Живојин Илиќ.
Засилувања досега се левиот бек Тодор Узунчев и левото крило Славе Јанковски, а се очекуваат уште најмалку две нови имиња.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24Ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________






















