Поповски: Целта ни беше да донесеме злато за Македонија – и ја остваривме!

Машката кадетска репрезентација успеа да го освои златниот медал на Мундијалот во училишен ракомет што се одржуваше во Скопје.

Избраниците на Горан Кузманоски го совладаа убедливо Израел во финалето на СП со 38-32, а капитенот Бобан Поповски ги сподели импресиите по триумфот.

„Не беше баш лесно да се победи на сите натпревари на Мундијалот. Во прв план ни беше да донесеме злато за Македонија и ја остваривме нашата цел што си ја поставивме пред стартот. Сакам да им се заблагодарам на сите за големата поддршка што ја добивавме во текот на целиот турнир, на целата публика. Ова ни е прва година со настапи како генерација, започнуваме со злато, супер е ова за во иднина. Имаме тешка група на ЕП во Србија, но сега сите ќе имаат поголем респект кон нас“, изјави Поповски.

Претходно Македонија беше петта на Медитеранското првенство, а следен предизвик ќе биде настапот на ЕП во Србија на лето.

 

▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.

Maкедонските кадети со злато на СП!