Maкедонските кадети со злато на СП!

Машката кадетска репрезентација на Македонија се израдува на златниот медал на Светското првенство во училишен ракомет.

Во финалето, македонските репрезентативци славеа против Израел со 38-32, а во текот на целиот меч ја имаа резултатска контрола на теренот.

Победникот беше најавен уште по првото полувреме, кога Македонија водеше со 20-14, а во вториот дел немаше многу возбудувања.

И покрај малиот пад во вториот дел кога Израел се врати на минус два, нашите ракометари не дозволија комплетен камбек на ривалите и рутински го довршија мечот.

На осум минути до крајот пикерот Вујичевски доби црвен картон, но тоа не беше голем проблем за македонскиот состав.

Претходно кадетките ја загубија финалната пресметка со Хрватска со 28-26 и се закитија со сребро.