Натпреварот од првото коло во Првата женска лига меѓу екипите на Стружанка и Овче Поле СУ не се одигра.
Тој беше закажан за вчера од 16:30 часот во СЦ „Тими“ според делегирањето од страна на РФМ, но домаќинот во петокот доцна навечер побара одложување поради зафатеност на салата и одржување на турнир во кошарка.
Гостинската екипа не прифати одложување поради објективни причини, па согласно членот 16 од пропозициите (натпревар може да биде одложен најдоцна 72 часа пред закажаниот термин), тој ќе биде регистриран со службен резултат.
Составот од Свети Николе ќе го добие овој меч со 10-0, а на Стружанка ќе и биде одземен еден бод од бодовното салдо.

























