Ристовска: Ова сребро ќе ни биде мотив да работиме уште повеќе во иднина

Женската кадетска репрезентација на Македонија одигра добар натпревар, но на крајот загуби во финалето од Хрватска со 28-26 на СП за училишен спорт што деновиве се одржуваше во Скопје.

Капитенот на Македонија, Мила Ристовска, ги сподели своите импресии по мечот и потенцираше дека овој резултат ќе биде уште поголем мотив за работа во иднина.

„На почетокот бевме максимално фокусирани и тоа го покажавме на теренот, но потоа имавме мал пад на концентрација и ривалот ни направи пресврт, па моравме потоа цел меч да бркаме негатива. На крајот немавме среќа да комплетираме камбек, но сепак сме среќни со пласманот. Овој сребрен медал ќе биде уште поголема мотивација, не само за мене, туку и за сите мои колешки да работиме и да тренираме уште повеќе. Ќе работиме напорно и се надевам дека ќе оствариме уште подобри резултати“, изјави капитенот Ристовска.

За оваа генерација ракометарки наредната година ќе следува настап на ЕХФ шампионат за младинки, од каде што може да се обезбеди место на Мундијалот за младинки во 2028 година.

Машката репрезентација на Македонија на истото СП го освои златниот медал.


____________________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________

Кадетките храбро се бореа – на крајот се сребрени на СП!