Женската кадетска репрезентација на Македонија го освои сребрениот медал на Светското првенство во училишен ракомет што денеска завршува во Скопје, откако во интересен финален двобој загуби од Хрватска со 28-26.
Отворивме одлично со водство од 5-1, но набрзина противничките ракометарки се вратија во игра и не само што стигнаа до егал, туку и поведоа со два гола, 8-6.
Избраничките на Даниела Новеска израмнија на 11-11, но одново Хрватките имаа подобар финиш и на паузата заминаа со солидна залиха, 15-12.

Во вториот дел Хрватска се одлепи на плус пет, 19-14, па Новеска мораше да бара тајм-аут. Полека но сигурно ја топевме хрватската предност и на пет минути до крајот, Македонија намали на гол негатива, 25-24.
Сега хрватскиот селектор побара минута одмор, Македонија направи две наивни грешки во нападот и казната стгина со три гола во серија за 28-24 и веќе немаше назад за нашата репрезентација.
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.


























