Македонија загуби од Германија, но останува во трка за ЕП

|
19:29
Share on Facebook

Женската репрезентација на Македонија загуби со 35-27 од Германија во натпреварот од 5 коло во квалификациите за пласман на ЕП 2026. Со поразoт Македонија и натаму останува во игра за место на континентален собир, но ќе се брои гол-разликата по последното коло, не само нашата туку и на конкурентите – третопласираните во другите групи, под услови Белгија вечерва да загуби од Словенија.

Девојките на Кристијан Грчевски храбро се бореа, но немаа сили за нешто повеќе против бундес тимот, кој без оглед на максималниот биланс по четири кола, не сакаше да дозволи никакво изненадување на овој меч.

Со победа кај Белгија, Словенките ќе обезбедат пласман на ЕП и во последниот меч против нас ќе влезат без притисок. Германија е прва на табелата со десет бода, Словенија втора со четири, но и меч помалку, додека Македонија е трета со два, пред Белгија која има исто толку и натпревар помалку. На ЕП 2026 пласман ќе обезбедат и најдобрите четири третопласирани селекции од шесте групи. Македонија во моментов има гол-разлика од – 32.

Гостинките отворија со водство од 2-0, па 4-2, пред голманката Веис да одбрани и пенал на Ризоска. Сепак во продолжение од мечот два напади со голови заврши Стефаноска за 4-4 по десетина минути игра.

Но потоа се намножија техничките грешки во нападот и Германија успеа да ги казни сите да отиде на плус пет, 12-7. Селекторот Грчевски ги промени ракометарките на бековските позиции, но немаше преголем ефект.

По дваесетина минути игра беше 15-9, па Грчевски мораше да побара тајм-аут. Седлоска намали со проектил на 15-10. Немаше идеја во нападот, тоа беше причина за изнудени удари, а грешките беа казнети со лесни голови во контра и веќе беше 18-10.

Црната серија ја прекина Кипријановска со гол од пенал за 18-11, а потоа Џатевска вторпат беше исклучена па и Германија лесно погоди. Беше 19-12, пред Кипријановска да намали со одличен пробив да погоди, а Ангела Јанкуловска да стави точка на првиот дел со гол од далечина за 19-14.

На стартот на вториот дел нашите ракометарките го имаа својот најдобар период во мечот. Илиќ им фати два зицери на Германките, потоа Јанкуловска и Кипријановска беа прецизни, а капитенот Гакидова намали на минус четири, 20-16.

Беше и 21-17, но потоа нов пад во игра, промашување и неколку технички грешки во серија, па ривалот одново отиде на плус девет, 26-17, највисока предност дотогаш. Германскиот селектор им даде шанса и на младинките од составот, па ги седна на клупа капитенот Дол и Беренд, а малку играше и Гријселс.

Се истакна и Петковска со две одбрани по зицер ситуации, но предноста на Германија и натаму беше висока. Македонските репрезентативки се бореа до крајот, имаа неколку добри потези и погодоци, но и Германките не попуштаа, па немаше шанси за некаков камбек или намалување на нивната залиха.

Најдобри стрелци во македонскиот состав беа Кипријановска со шест, како и Ангела Јанкуловска и Стефаноска со по четири погодоци, додека голманките Петковска и Илиќ собра девет одбрани. Кај Германија, Енгел даде девет гола.

Македонија е во игра за пласман на ЕП 2026, а повеќе детали за тоа како може да стигне до ново учество на континентален собир прочитајте ТУКА. Последниот натпревар го играме на гостински терен кај Словенија на 12 април од 18:00 часот.

Share on Facebook

ЦСКА Москва го освои трофејот во рускиот Куп – триумф над Ростов на Дибирова

Авор: Душко Андов
| 6 април 2026
22:59
Share on Facebook

Тимот на ЦСКА Москва го освои трофејот во Купот на Русија, откако во финалето на Ф4 турнирот славеше над големиот ривал Ростов Дон, кој е предводен од легендарната Ирина Дибирова, која седеше и на клупата на Вардар.

На домашен терен во Москва, каде што се играше завршниот турнир, ЦСКА Москва победи со 30-25, откако и на паузата имаше плус два, 15-13.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Семина и Санталова со по шест гола, а голманката Каплина имаше 12 одбрани. Кај Ростов Дон се истакна Стаценко со шест погодоци.

До овој натпревар, Ростов Дон имаше серија од 28 победи по ред оваа сезона и беше без загубен меч, но кога најмногу требаше тогаш некогашниот учесник во ЛШ не одигра на своето ниво. Шансата за одмазда ќе ја бара во првенството.

Share on Facebook

Елверум го победи Монпелје и покажа како треба Вардар да игра против нив

Авор: Редакција
| 7 април 2026
20:54
Share on Facebook

Норвешки Елверум успеа да го победи Монпелје со 35-31 во реванш осминафиналето од Лига Европа, иако францускиот тим се пласираше во следната фаза во четвртфиналето. Следен ривал на Монпелје е Вардар, кој сега може и официјално да се спрема за дуелот со Французите. На првиот меч во Франција, триумфираа домаќините со 36-24.

Само што почна вториот дел од средбата норвешкиот тим го презеде водството кое не го испушти до крај. Немаше шанси да ја надополни негативата од првиот меч, но барем донесе радост на трибините на оние што дојдоа да го следат натпреварот.

Доминик Мате постигна 6 гола за домашниот тим, исто колку и Петер Лукаш. Еден помалку постигна Дондре Гјердален. Кај гостите Монте Дос Сантош и Ромеу Балагуер дадоа по 5 гола.

Флензбург ремизираше на домашен терен со Архис, 33-33, но Германците ја завршија работата уште на првиот натпревар кога триумфираат со 38-32. Гостите дадоа гол за реми на две секунди до крај преку Кристијансон.

Емил Јакобсен даде 7 гола, а Јоханес Гола и Ласе Мелер по 6 за Флензбург. Кај гостите Кристјан Кристијансон даде 11 гола.

Share on Facebook

Шок за данскиот првак: Кнор и Арнолдсен стрелаа 24 пати, ама Алборг загуби!

Авор: Душко Андов
| 7 април 2026
00:00
Share on Facebook

Иако двете ѕвезди на Алборг, Јури Кнор и Томас Арнолдсен, постигнаа дури 24 голови Алборг доживеа неочекуван пораз од Фредериција на стартот на плеј-офот во данскиот шампионат.

Во натпревар од првото коло, Алборг имаше контрола во првото полувреме и на паузата замина со предност од три гола. Сепак, во вториот дел следуваше целосен пресврт, домаќините ја преземаа иницијативата и на крајот славеа во ефикасен дуел со 41-36.

Најефикасен кај поразениот тим беше Јури Кнор со 13 голови, додека Томас Арнолдсен додаде уште 11. Кај победникот се истакна Мадс Кјелгорд со десет погодоци.

Во вториот натпревар од групата 1 во плеј-офот, ГОГ Гудме направи пресврт на гости против Скјерн и славеше со 35-34, иако на полувреме губеше со 19-14.

По ова коло, Гудме се наоѓа на врвот на табелата со три бода, пред Фредерициј“ и Алборг кои имаат по два, додека Скјерн останува на дното без бодови.

Share on Facebook

Моралес пред гостувањето во Битола: Имаме шанси за победа

Авор: Душко Андов
| 6 април 2026
14:47
Share on Facebook

По пласманот во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, ракометарите на Охрид им се враќаат на домашните обврски.

Охриѓани ги очекува тешко гостување кај шампионот Еурофарм Пелистер во дербито од 4 коло од суперлигашкиот плеј-оф.

Дефанзивецот Ориол Реј Моралес го најави мечот во Битола.

„Нè очекува тежок натпревар во еден од одлучувачките моменти од сезоната. Станува збор за дуел меѓу два квалитетни тима. Со добра подготовка и менталитет, имаме шанса да стигнеме до победа“, вели Моралес.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид се игра в среда во салата „Боро Чурлевски“ со почеток од 18:00 часот.

Share on Facebook

Екс вардарка на 29 години заврши со репрезентацијата!

Авор: Душко Андов
| 7 април 2026
21:43
Share on Facebook

Црногорската женска репрезентација остана без уште двe важни ракометарки – Итана Грбиќ и Ивона Павичевиќ ставија крај на своите репрезентативни кариери.

Двете ракометарки ја информирале раководната структура на Ракометниот сојуз на Црна Гора и стручниот штаб за својата одлука, со што официјално се затвора едно значајно поглавје во историјата на „лавиците“.

Грбиќ и Павичевиќ беа дел од генерацијата која ги донесе најголемите успеси на црногорскиот ракомет, настапувајќи на 13, односно 11 големи натпреварувања, ЕП, СП и ОИ.

Нивниот најголем заеднички успех е бронзениот медал на Европското првенство во 2022 година, кога Црна Гора блесна пред домашната публика и се искачи на победничкиот пиедестал.

Во текот на годините, Итана Грбиќ беше лидер и креатор на играта, вистински мозок на тимот, додека Ивона Павичевиќ со својата борбеност и константност беше сигурен столб во клучните моменти.

Некогашната вардарка Грбиќ ја завршува репрезентативната кариера на 29 години со 124 настапи и 196 голови, додека Павичевиќ постигна 160 погодоци на 111 натпревари.

По настапите за Вардар, Грбиќ играше за црногорската Будуќност, чиј член е и во моментов, за романскиот ЧСМ Букурешт, словенечкиот Крим, унгарскиот Ференцварош, францускиот Брест Бретањ…

Share on Facebook