Македонија со негатива на паузата против Германија

|
18:38
Share on Facebook

Женската репрезентација на Македонија губи на паузата од Германија со 19-14 во натпреварот од 5 коло во квалификациите за пласман на ЕП 2026. Со пораз Македонија и натаму останува во игра за место на континентален собир, но ќе се брои гол-разликата во последното коло.

Гостинките отворија со водство од 2-0, па 4-2, пред голманката Веис да одбрани и пенал на Ризоска. Сепак во продолжение од мечот два напади со голови заврши Стефаноска за 4-4 по десетина минути игра.

Но потоа се намножија техничките грешки во нападот и Германија успеа да ги казни сите да отиде на плус пет, 12-7. Селекторот Грчевски ги промени ракометарките на бековските позиции, но немаше преголем ефект.

По дваесетина минути игра беше 15-9, па Грчевски мораше да побара тајм-аут. Седлоска намали со проектил на 15-10. Немаше идеја во нападот, тоа беше причина за изнудени удари, а грешките беа казнети со лесни голови во контра и веќе беше 18-10.

Црната серија ја прекина Кипријановска со гол од пенал за 18-11, а потоа Џатевска вторпат беше исклучена па и Германија лесно погоди. Беше 19-12, пред Кипријановска да намали со одличен пробив да погоди, а Ангела Јанкуловска да стави точка на првиот дел со гол од далечина за 19-14.

Македонија е во игра за пласман на ЕП 2026, а повеќе детали за тоа како може да стигне до ново учество на континентален собир прочитајте ТУКА.

Share on Facebook

Шампионот донесе репрезентативец: Серафимов потпиша за Еурофарм Пелистер!

Авор: Душко Андов
| 7 април 2026
10:32
Share on Facebook

Македонскиот репрезентативец Мартин Серафимов стави потпис на договорот со шампионот Еурофарм Пелистер.

По пет сезони минати во „сино-белиот“ тим од Автокоманда, десниот бек ќе има нов предизвик во кариерата. Како што одамна најави 24Ракомет, Серафимов заминува од тимот предводен од македонскиот селектор и ќе заигра од лето за битолскиот клуб, со кој потпиша договор на две сезони.

Серафимов потекнува од школата на Металург, играше за првиот и вториот тим на овој клуб, со кој има настапи и во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

„Нашиот клуб секогаш бил асоцијација за македонската репрезентација и во секој успех вградил многу свои членови и протагонисти. Затоа секој потпис на македонски репрезентативец многу ни значи. Денес го официјализираме како наш нов член Мартин Серафимов, десниот бек на националниот тим. Тој потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер и од сезоната 2026/27 ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. Серафимов во Битола доаѓа од Алкалоид, а претходно го носеше дресот на Металург. Со потписот на 26-годишниот Серафимов нашиот клуб добива квалитет и инвестиција која ќе остави трага во клубот и градот“, се вели во објавата на клубот.

Претходно Еурофарм Пелистер ги продолжи договорите со Никола Граховац, Жарко Пешевски и Ник Хенигман.

Share on Facebook

ЅВЕЗДА НА 19. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА – НИНА ПОПОВА (ВАРДАР)

Авор: Editor
| 6 април 2026
22:39
Share on Facebook

Кружниот напаѓач на Вардар, Нина Попова, го доби признанието за најкорисна ракометарка, односно ѕвезда на 19. коло во Супер женската лига.

Таа имаше одлична партија на мечот против Пелистер и беше меѓу клучните ракометарки за победата со осум голови.

Попова го освои првото место откако во анкетата, откако доби околу 82% од гласовите на читателите на 24Ракомет.

Во конкуренција за ѕвезда на 19. коло беа уште и членките на Спартак и Чаир, Анастасија Николовска и Мила Трајковиќ.

Share on Facebook

Вардарци можат да ладат шампањско – титулата е веќе на пат за „Јане Сандански“

Авор: Душко Андов
| 8 април 2026
20:26
Share on Facebook

По поразот на Еурофарм Пелистер на домашен терен од екипата на Охрид, 27-26, јасно е дека повеќе од сигурно дека титулата по три сезони пауза ќе се врати во Скопје. Само чудо, и тоа огромно, треба да се случи за да не се валоризира сегашната предност на „црвено-црните“ во плеј-офот.

По четири одиграни кола во плеј-офот, Вардар има 50 бодови, додека Охрид е втор со 42, а исто толку има актуелниот првак Еурофарм Пелистер на третото место. Се играат вкупно десет кола.

Вардарци утре ги чека средба со Бутел Скопје од петтото коло, на која се големи фаворити, а по Ф4 во Купот на Македонија, кој е закажан за следниот викенд, ќе го одиграат дуелот со тимот на Лазаров на 25 април.

Победа на тој натпревар и математички ќе им ја донесе титулата на „црвено-црните“ на четири кола до крајот на плеј-офот, па ќе можат без притисок да се подготвуваат за двомечот од четвртфиналето на Лигата на Европа со францускиот Монпелје.

Три сезони по ред шампион на Македонија е Еурофарм Пелистер, но оваа сезона е јасно дека Вардар нема да пропушти прилика да се врати на тронот.

Share on Facebook

Познати арбитрите за двобојот во Автокоманда, дербито во плеј-аутот ќе го судат дами

Авор: Душко Андов
| 7 април 2026
14:13
Share on Facebook

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени двојките за натпревари од 5 коло во суперлигашкиот плеј-оф/аут.

Дербито на колото ќе се игра во Автокоманда, каде што ќе гостува шампионот Еурофарм Пелистер, а ждрепката сакаше овој меч да го судат Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Двобојот меѓу Вардар и Бутел, ждрепката им го „довери“ на браќата Георгиевски, додека Илиевски и Шуковски ќе ја делат правдата на средбата Охрид – Тиквеш.

Најинтересниот дуел од плеј-аутот меѓу Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 ќе го судат Карбеска и Илиева.

Супер лига, плеј-оф/аут, 5 коло:

Алкалоид – Еурофарм Пелистер (Николов/Начевски)
Вардар – Бутел Скопје (Георгиевски/Георгиевски)
Охрид – Тиквеш (Илиевски/Шуковски)
Струга – Радовиш (Илиевски/Илиевски)
Куманово – Пролет (Митревски/Тодоровски)
Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 (Карбеска/Илиева)

Share on Facebook

Познато е кога шампионот Еурофарм Пелистер гостува во Автокоманда

Авор: Душко Андов
| 7 април 2026
09:35
Share on Facebook

Петтото коло од суперлигашкиот плеј-оф ќе се одигра во пет дена – два меча пред Велигден, а еден после празникот.

Дербито во Автокоманда, меѓу тимот на Кирил Лазаров и шампионот Еурофарм Пелистер е закажано за вторник, 14 април со почеток од 19:30 часот.

Претходно в четврток од 15:15 часот, ќе се одигра натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, додека в петок од 17:00, Охрид на домашен терен ќе го пречека Тиквеш.

На табелата, Вардар води со 50 бодови, Еурофарм Пелистер има 42, но и меч помалку, додека Охрид на третото место има 40, исто така со натпревар помалку.

Share on Facebook