РФМ ги смени термините од Купот! Еурофарм Пелистер игра утре, а Вардар во петок

Полуфиналните дуели од Купот на Македонија во машка конкуренција ќе ги сменат датумите, потврди Ракометната федерација на Македонија. Според новите термини во четврток ќе играат Еурофарм Пелистер и Тиквеш, а во петок ќе се сретнат Вардар и Алкалоид.

Утринава РК Вардар соопшти дека се согласува наместо во четврток нивниот деул со Алкалоид да го играат во петок, и да го отстапат терминот на Еурофарм Пелистер и Тиквеш.

Натпреварувачката комисија при Ракометнатан федерација на Македонија (РФМ), постапувајќи по доставени дописите од страна на РК Вардар 1961 и РК Алкалоид се согласија до го отстапат предвидениот термин четврток за одигрување на полуфиналниот натпревар од Ракометниот Куп на Македонија 2024, на инсистирање на РК Еурофарм Пелистер. Допис за промена на терминот има доставено и од ГРК Тиквеш 2014.

Термини за одигрување на полуфиналните натпревари во рамки на ракометниот Куп на Македонија 2024:

Натпревар : РК Еурофарм Пелистер – ГРК Тиквеш 2014
Ден и час : четврток (16.05.2024 г.) со почеток во 19:30 часот.

Натпревар : РК Вардар 1961 – РК Алкалоид
Ден и час : петок (17.05.2024 г.) со почеток во 19:30 часот.

Финален натпревар : Недела (19.05.2024 г.) со почеток во 19:00 часот.

Спортското витештво се демонстрира на терен, а се гради вон терен, нека победи подобриот.

 

Вардар предлага: Полуфиналето од Купот со Алкалоид да го играат во петок

Шампионот со нова реакција за Куп термините – ќе ги информираме и меѓународните ракометни институции