Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло од разигрувањето за титула и за опстанок да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло од плеј-оф и плеј-аут ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 7 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.
Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Охрид, Вардар, Еурофарм Пелистер 2, Пролет, Еурофарм Пелистер, Голден Арт и Куманово.
За МВП на колото ќе можете да гласате до среда до 12 часот.
Супер лига, 7. коло, резултати:
Плеј-оф
СТРУГА – ПРОЛЕТ 22-24 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – БУТЕЛ СКОПЈЕ 30-22 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 25-35 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – ОХРИД 22-25 (ИЗВЕШТАЈ)
Плеј-аут
ВАРДАР НЕГОТИНО – АЕРОДРОМ 10-0 служ.
КУМАНОВО – МУЛТИ ЕСЕНС 29-28 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ПРИЛЕП 31-22 (ИЗВЕШТАЈ)
СКОПЈЕ – ГОЛДЕН АРТ 23-38 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 7. КОЛО ОД СУПЕРЛИГАШКИОТ ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
Голман: Бобан Ристевски (Охрид) – Чуварот на мрежата имаше неколку клучни интервенции во Кавадарци кога се кршеше резултатот.
Лево крило: Хансер Родригез (Вардар) – Кубанскиот репрезентативец вторпат по ред е дел од најдобрите откако даде девет гола против Бутел.
Лев бек: Христијан Митревски (Еурофарм Пелистер 2) – Некогашниот младински репрезентативец игра во одлична форма и беше меѓу најзаслужните за триумфот против Прилеп.
Среден бек: Ласко Андоновски (Пролет) – Капитенот на Пролет со осум голови беше најдобар стрелец на гостувањето кај Струга.
Десен бек: Нејц Цехте (Еурофарм Пелистер) – Словенецот со 12 голови беше нерешлива енигма за одбраната за вицепрвакот.
Десно крило: Мице Шилегов (Голден Арт) – Десното крило беше меѓу најдобрите стрелци во победата кај Скопје.
Пивот: Стефан Атанасовски (Куманово) – Кружниот напаѓач одигра одлично во двата правци и беше меѓу најзаслужните за трите бодови во мечот со Мулти Есенс.