Пролет со пеколен финиш ја освои Струга

Во натпревар со многу пресврти и голема борба, тимот на Пролет ги освои планираните бодови на гостувањето во Струга, откако триумфираше со 24:22 и со денешната победа ја презеде 6. позиција на табелата, сега има шест бодови на свое конто.

Иако составот на Јовиќ започна според посакуваното поведе со 2:0, имаше и 3:2 пред домашниот табор да дојде во фуриозен налет, сепак, посакуваната цел ја оствари дури во последната минута од натпреварот. Стружани, кои во првото полувреме го имаа разиграниот Бошњак, кој освен погодуваше и асистираше, направија серија од 5:0 и кон средината на првиот дел дојдоа до предност од плус четири гола разлика, 7:3.

Пролет десет минути беше без реализација, а четвртиот гол на натпреварот го постигна дури во 15 минута преку кирлото Палевски. Тренерот на Струга, Наум Танески, ги фрли во оган кадетските репрезентативци Матески и Мечаркоски, двајцата имаа добри влезови и асистенции, но ниту „тенката“ ротација на домашниот табор не беше олеснителна задача за скопскиот тим.

Во 20 минута предноста на Струга беше 11:7, пет минути подоцна, односно во 25 минута Пролет се доближи на минус два, 13:11. Гостинот до крајот на полувремето имаше шанса да израмни, но по 30 минути игра резултатот беше 13:12 во корист за домашниот табор.

Ракометарите на Пролет за неолку минути игра во вториот дел дојдоа до израмнување на резултатот, 14:14. Од тој момент сѐ започна од нула, а по предноста на Струга од 15:14, гостите со серија од 3:0 го свртија резултатот во своја корист и во 42 минута имаа плус три гола разлика, 18:15. Стружани не се предаваа, се разбрани Тутенкоска, па така на десет минути пред крајот беше нерешено, 19:19.

Домаќините во 54 минута со голот на Јанкуловски го вратија водството во свои раце, поведоа со 21:20, во 57 минута истиот ракометар донесе плус два за Струга, 22:20, но Пролет со серија од 3:0 направи пресврт победувајќи со 23:22, а победата на гостите беше осигурана со голот на Василевски.

Најефикасен во победничката екипа беше Ласко Андоновски со осум погодоци. Во поразениот табор стрелците ги предводеше Мерис Бошњак со седум реализации.

Во следното коло тимот на Струга ќе биде домаќин на Тиквеш, додека Пролет ќе гостува во Автокоманда кај вицепрвакот.

ПозЕкипаНПРЛББ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР98012616
2ВАРДАР 196197022414
3ОХРИД97022314
4АЛКАЛОИД96032112
5ТИКВЕШ 201495041610
6ПРОЛЕТ920764
7БУТЕЛ910842
8СТРУГА900900