Охрид го освои Кавадарци – држи европски курс!

Во битката за едно од местата кои што водат на европска сцена се сретнаа екипите на Тиквеш и Охрид во рамки од 7. коло од плеј-оф фазата, а на победа се радуваа охриѓани, кои триумфираа со 25:22 и си го зголемија бодовното салдо.

Тимот на Охрид сега ја презеде 3. позиција на табелата, има 17 бодови на свое конто и заостанува само на бод зад второпласираниот Вардар, кој денеска славеше над Бутел Скопје. Тиквеш засега се наоѓа на 5. позиција со 13 бодови, но и понатаму е во игра за ТОП 4.

Како што се и очекуваше, двете екипи играа на високо ниво во одбраната, а екипата на Охрид кон средината на првиот дел прва се одлепи на солидна разлика од еден гол, откако по 5:5 со погодоците на Ојлески, Шешиќ и Цирар дојде до 8:5. Овие три гола предност беа од голема психолошка предност за гостите, бидејќи домаќините до крајот на полувремето беа во резултатска негатива.

По максималната предност на Охрид од четири гола разлика, 11:7, дојде до консолидирање во редовите на домашниот табор, па така кавадарчани успеаја да намалат на 11:10. Голманот на Тиквеш, Гемаљевиќ беше меѓу најзаслужните што неговиот тим се врати во игра. До крајот на полувремето гостите постигнаа уште три, а домаќинот еден гол, па така по 30 минути игра резултатот беше 13:12 за составот на Алушовски.

Обина со својот втор гол на почетокот на вториот дел израмни на 13:13, а пресвртот се случи во 35 минута кога по нерешените 14:14 домаќините поведоа со 15:14. Тиквеш од тој момент полесно доаѓаше до погодок, но на секој постигнат гол за водство, гостите израмнуваа. Домаќинот во 42 минута успеа да се одлепи на 18:16 и никако не можеше да направи стабилна позитива.

Охрид бргу постигна два гола во низа, израмни на 18:18, а во 45 минута ја врати позитивата, поведе со 19:18. До 52 минута двете екипи наизменично се менуваа во водство и само нијанси одлучуваа каков ќе биде исходот од денешниот дуел. Тмот на Алушовски во последните осум минути се одлепи на 23:21 и двата гола предност ги сочува до крајот на натпреварот.

Најефикасен во победничката екипа беше Гал Цирар со седум погодоци, а во клучните моменти одличен на голот беше Бобан Ристевски. Кај Тиквеш се истакна Срѓан Мијатовиќ со шест реализации.

Екипата на Тиквеш во следното коло ќе гостува во Струга кај истоимената екипа, додека Охрид ќе биде домаќин на незгодниот Бутел.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР980126
2ВАРДАР 1961970224
3ОХРИД970223
4АЛКАЛОИД960321
5ТИКВЕШ 2014950416
6ПРОЛЕТ92076
7БУТЕЛ91084
8СТРУГА90090