Еурофарм Пелистер одржа ШАМПИОНСКА лекција во Автокоманда

Актуелниот ракометен првак Еурофарм Пелистер одржа шампионска лекција во Автокоманда победувајќи го скопскиот тим со 35-25 (16-12) и со една рака веќе го држат пехарот. Остануваат да се одигрaат уште седум кола, односно вториот дел, но останува разликата од шет бода во однос на Вардар кој сега е второпласиран.

Два натпревари по ред тимот од Автокоманда ги губи на свој терен, прво од Вардар, па сега и Еурофарм Пелистер, покажувајќи дека сериозна криза го тресе тимот на селекторот Кирил Лазаров, и играчка и во формата. Сега лекција му одржа неговиот поранешен помошник во репрезентацијата, Бранислав Ангеловски.

Од почетокот на средбата во Автокоманда, Еурофарм Пелистер имаше водство (освен на почетокот), а потоа имаше еден одличен период од 12 до 21 минута кога направија серија од 7-2 со кој поведоа со 15-9. Немаше многу можност за вицешампионот да направи пресврт, туку само намали на 16-12 на полувреме.

Малку одбрани имаше Урбан Лесјак во овој период, само четири , но сите во вистинското време кога се правеше разликата. Истото продлжи и во вториот дел, кога имаше клучни одбрани во важен период.

На почетокот на вториот дел домашните ракометари ја стопија предноста на битолчани, и намалија на 17-19 надевајќи се дека може да им донесат радост на домашните навивачи. Но, тоа траеше малкубидејќи брзо Еурофарм Пелистер „избега„ на 22-18, а на половина од второто полувреме битолчани имаа предност од 25-20.

Го имаа битолчани расположениот Словенец, Нејц Цехте кој ја решеташе мрежата на противникот, ја ја раситни „десетката“.

И пак имаше одличен период Еурофарм Пелистер кога отиде на највисоките „плус 7“, за 29-22, па и 30-22. Но, не застааа гостите, па отидоа и на 33-24 на две минути до крај на средбата, ставајќи крај на сите надежи за домашните.

Кај Еурофарм Пелистер најпрецизен беше Цехте Нејц со 12 гола, а шест постигна Богдан Радивојевиќ. Кај домашните, шест гола даде Дамјан Митев.

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР980126
2ВАРДАР 1961970224
3ОХРИД970223
4АЛКАЛОИД960321
5ТИКВЕШ 2014950416
6ПРОЛЕТ92076
7БУТЕЛ91084
8СТРУГА90090