Голден Арт ја прекина серијата порази и се уште се надева на опстанок

Во дуел на двете последнопласирани екипи на табелата во плејаутот, Голден Арт очекувано триумфираше, и тоа со двоцифрена разлика 38-23 (18-9). Се беше решено уште во првото полувреме кога тимот од Аеродром ја направи високата разлика, иако играше без неколку стандардни првотимци.

За Голден Арт, се уште постојат теоретски шанси да стигне до третото место на табелата, но ќе треба во вториот дел од плејаутот, да биде максимален на сите мечеви. Освен што победи Голден Арт ја поправи и вкупната гол разлика, па сега повторно е во позитива (+ 8).

Иако во регуларниот дел од сезоната беа одлични, во плејаутот одиграа многу полошо од очекуваното. Теоријата се уште е на нивна страна, но им претстои многу работа и труд. Скопје со овој пораз се откажува од трката за опстанок, бидејќи заостанува премногу за другите тимови.

Во отсуство на Златко Даскаловски, на голот меѓу стативите во првиот дел доминираше петар Виларов со седум одбрани. Само во почетните минути Скопје парираше, а потоа преку брзите контри, гостите лесно ја зголемуваа предноста. Во тој период Христијан Милошески даде шест гола, а два помалку Мице Шилегов.

Во второто полувреме предност се зголеми на максималните „плус 12“, а во последните десет минути таа се зголеми и на „плус 13“. Подобри беа играчите на Голден Арт, па таа своја надмоќ ја крунисаа и со предност која продлжи да се зголемува до крајот, з аконечните 38-23.

Кај побендичкиот тим на Голден Арт, девет гола даде Христијан Милошески, а еден помалку постигна Мице Шилегов. Во тимот на Скопје, најпрецизен беше Давор Шокоски со седум гола.

ТАБЕЛА – плејаут

ПозЕкипаНПРЛБ
1МРК КУМАНОВО12101132
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21290330
3ПРИЛЕП1181227
4ВАРДАР НЕГОТИНО1280424
5МУЛТИЕСЕНС1261520
6ГОЛДЕН АРТ1131713
7СКОПЈЕ 20201220106
8АЕРОДРОМ1400142