Тимот на Фленсбург, кој е меѓу фаворитите за освојување на титулата во Лигата на Европа, подолг временски период нема да може да смета на холандскиот репрезентативец Кај Смитс.
Како што е познато, десниот бек го откажа настапот на Европското првенство, бидејќи има „поблаго воспаление на срцевиот мускул“, односно миокардитис.
Според медиумите во Германија, 26-годишниот ракометар нема да игра во следните два месеци и неговиот камбек на терените би можел да биде во месец април.
Сепак, до тој период, не е исклучена можноста во Фленсбург да пристигне нов ракометар на десната бековска позиција.
,,Веќе бараме нов играч. Да се добие играч на шест месеци не е така лесно. Има многу работи што треба да бидат направени. Исто така, мора да го најдеме вистинскиот играч кој ќе ни помогне, тоа во моментов е многу тешко”, изјави Врањеш во интервју за shz.de.
Фленсбург како десен бек го има на располагање само исландскиот репрезентативец Теитур Орн Ејнарсон.