Крилото на Еурофарм Пелистер Петар Атанасијевиќ постави нов рекорд во машкиот ракомет откако даде 32 гола на дуелот со Шампион во елиминациите за Купот на Македонија. Битолчани победија со 57-16 (26-3), а по завршување на средбата Петар се најде во воздух и на рацете на своите соиграчи кои го прославија рекордот.
Пелистерци се пласираа во групната фаза од Купот мешу 16-те најдобри екипи, а дуелот со прволигашот Шампион беше само полесен тренинг. Двицифрен на средбата беше и Ненад Костески со 10 гола.
Гостите од Скопје во првиот дел дадоа само три гола, а во тимот на Еурофарм Пелистер немаше дел од ракометарите што играа против Загреб. Но, доволен беше само Атанасијевиќ.
Досегашниот рекорд во машката лига го држеше Златко Димитровски кој е роден битолчанец, но рекордот го постигна во дресот на ВВ Тиквеш. Лани во декември, 26 гола даде Филип Дабески од Драчево.
Куп на Македонија, елиминации:
Борец – Пролет 11-49
Прилеп – Јехона 40-17
Куманово – Текстилец 28-21
Астраион – Струга 18-25
Голден Арт – Аеродром 37-27
Бутел Скопје – Македонија ЃП 49-26
Драчево – Алкалоид 26-44
Партизан Гевгелија – Тиквеш 20-56
Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле 48-23
Еурофарм Пелистер – Шампион 57-16
Преспа Вардар – Радовиш 22:41
Бисинов – Мулти Есенс 24-39
10/12, 13:00 Кичево – Вардар Неготино
10/12, 14:00 Младост Богданци – Охрид
10/12, 16:00 Металург РА – Скопје