Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 8 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има има по еден ракометар од Еурофарм Пелистер, Тиквеш, Голден Арт, Бутел Скопје, Охрид, Аеродром и Вардар Неготино.
За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
Супер лига, 8. коло, резултати:
Група А
Охрид – Струга 30-20 (ИЗВЕШТАЈ)
Аеродром – Куманово 28-23 (ИЗВЕШТАЈ)
Алкалоид – Скопје 38-25 (ИЗВЕШТАЈ)
Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 27-32 (ИЗВЕШТАЈ)
Група Б
Еурофарм Пелистер – Вардар 29-25 (ИЗВЕШТАЈ)
Голден Арт – Мулти Есенс 30-21 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар Неготино – Пролет 24-22 (ИЗВЕШТАЈ)
Бутел Скопје – Прилеп 27-21 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 8. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА
Голман: Калифа Гедбан (Еурофарм Пелистер) – Алжирецот беше меѓу најзаслужните пелистерци за триумфот над Вардар.
Лево крило: Мирко Мајиќ (Тиквеш) – Црногорецот ги водеше кавадарчани до трите бода на гостувањето кај Еурофарм Пелистер 2.
Лев бек: Христијан Милошески (Голден Арт) – Прилепчанецот беше меѓу лидерите во убедливата победа над Мулти Есенс.
Среден бек: Димитар Ѓеоргиевски (Бутел Скопје) – Средниот бек ја продолжи одличната форма и на мечот со Прилеп.
Десен бек: Деан Шешиќ (Охрид) – Босанскиот десен бек беше меѓу најдобрите на езерското дерби со Струга.
Десно крило: Наум Костов (Аеродром) – Десното крило од Охрид постигна скоро половина од головите на Аеродром на мечот со Куманово.
Пивот: Петре Пеовски (Вардар Неготино) – Кавадарчанецот постигна пет погодоци во првата сезонска победа на неготинци.