Продолжи серијата победи на Тиквеш, кавадарчани се радуваа во Битола

Тимот на Тиквеш ја прослави седмата победа во Супер лигата, откако успеа да го победи Еурофарм Пелистер 2 во Битола со 32-27. Кавадарчани одработија уште еден добар натпревар во елитното друштво и освоија важни бодови против незгоден тим, кој со овој пораз се оддалечува од позициите што водат во плеј-офот.

На почетокот се играше гол за гол, пред гостите од Кавадарци преку Мајиќ и Темелкоски по домашното водство од 7-6 да направат пресврт и да поведат со 10-7. Кавадарчани водеа и со плус пет, 16-11, но Калајџиески и Хаџиќ до паузата погодија два пати за 16-13.

Во вториот дел избраниците на Никола Матлиески си ја врати предноста од пет гола, 20-15, но упорните домаќини успеаја да се вратат во игра и да намалат на минус два гола негатива, 21-19.

Сепак искусните Мајиќ и Симиќ не дозволија комплетен камбек на избраниците на Михаил Петровски и со два гола по ред стигнаа до 23-19. До крајот македонскиот претставник успеа рутински да го одработи натпреварот и да се израдува на нови три бода пред европскиот предизвик.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Симиќ и Мајиќ со по седум постигнати гола, додека по пет пати стрелаа Темелкоски и Обина. Во домашниот тим се истакнаа Калајџиески со шест гола и Митревски и Хаџиќ со по четири. Во следното коло Тиквеш игра дома со Аеродром, додека Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Скопје.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122