Бундеслигашот Штутгарт го продолжи договорот со италијанскиот репрезентативец Симоне Мењон за уште една сезона. Неговиот актуелен договор беше до 2028, а сега ќе трае најмалку до летото 2029 година.
Данскиот прволигаш ХОЈ Елит, потпиша договор со шведското десно крило Валтер Кринц, кој скоро две сезони не беше активен на терените. Екс членот на Фуксе Берлин летово остана без клуб, па беше слободен во изборот на новата средина.
Левиот бек на францускиот ПСЖ, Ноа Годен, следното лето може да ги следите стапките на неговиот тренер Стефан Мадсен и да се врати во Данска, каде би заиграл за ХОЈ Елит, каде ќе работи и Мадсен.
Кружниот напаѓач на Спортинг Лисабон, Еднеј Силва, би можел да се пресели во францускиот шампион ПСЖ. Бразилскиот репрезентативец од идното лето треба да формира трио со Фредерик Ладефогед и Камил Шипжак.
Исландскиот стратег Ерлингур Рикардсон се враќа во Германија и ќе биде тренер на второлигашот Минден. Тој ќе замени Арон Цирк по слабиот старт на сезоната. Рикардсон работеше во татковината, а во минатото беше дел од Фуксе Берлин.