РФМ изрече санкции – парични казни за Вардар и Тиквеш

Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија изрече казни за две екипи по нивниот меѓусебен дуел во Супер машката лига.

Казни ќе платат екипите на Тиквеш и Вардар, по нивниот дуел одигран во неделата во салата „Јасмин“ што го доби шампионот со 35-27.

Кавадарчани ќе платат казна од 50.000 денари поради слабата организација на натпреварот на кој беа присутни двете навивачки групи, Лозари и Комити.

Вардар исто така е казнет и ќе плати 30.000 денари, бидејќи летаа предмети на теренот од делот од трибините каде што беа сместени двете навивачки групи.